Македонија
10. May 2024 - 16:51

Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор

Грција е во исчекување да ги слушне официјалните позиции на ВМРО-ДПМНЕ околу Преспанскиот договор, особено по најавите дека нема да се користи уставното име на земјата. Според грчкиот аналитичар Ангелос Касканис новата Влада во Парламентот е постабилна, но не почитувањето на договорот од Преспа би можело да донесе штета, не само во односите помеѓу Скопје и Атина, туку на регионално ниво.

Користење на името Македонија може да помине само на национално ниво, но не во Брисел и Вашингтон, смета Касканис.

Според грчкиот аналитичар, во овој момент од големо значење би била посета на грчкиот премиер Мицотакис во Македонија, на средба со ВМРО-ДПМНЕ.

Грчките експерти сметаат дека односите помеѓу Македонија и Грција нема да почнат од нула, со форимирањето на новата Влада, со оглед на тоа што Грција има многу инвестиции во Македонија кои ќе продолжат и во наредниот период.