Грчкиот парламент расправа за следниот спасувачки пакет
Грчкиот парламент расправа денеска за новата спасувачка програма која треба да биде усвоена вечерва, пред утрешниот состанок на министрите за финансии од еврозоната, кога ќе разговараат за реформата во Грција, јави ДПА.
Економскиот пакет вклучува регулирање на бонусите за пензионирање и зголемување на даноците на приходите, со што ќе се заштедат 5,4 милијарди евра, услов на кој инсистираат меѓународните кредитори за земјата да го добие следниот пакет помош.
Атина и нејзините меѓународни кредитори со месеци се обидуваат да се договорат за структурните реформи и мерките за намалување на трошоците, што ќе овозможи владата да продолжи да добива финансиска помош, со оглед на тоа дека расте загриженоста дека Грција повторно е на работ на банкрот.
Министрите за финансии од еврозоната утре ќе имаат специјална средба, на која ќе го разгледаат напредокот во преговорите со Грција. Политичарите сметаат дека преговорите ќе продолжат до редовната средба на министрите за финансии, на 24 мај.
Илјадници луѓе се собраа денеска пред грчкиот Парламет, каде протестираат против намалувањето на бонусите за пензионирање и зголемување на даноците. Полицијата процени дека околу 5.000 луѓе учествуваа во демонстрациите.
Мерките за штедење се услов Грција да го добие третиот спасувачки пакет од меѓународните кредитори, кој е во износ од 86 милијарди евра. Меѓународниот монетарен фонд, еден од меѓународните кредитори, дополнително ги повика владите од еврозоната да влезат во преговори за ублажување на долгот на Грција.
Ново на Сител
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија