Грчката академија на науките и уметностите поддржува решение на името со промена на Уставот
Грчката академија на науките и уметностите преку соопштение ги коментира разговорите за името меѓу Македонија и Грција, посочувајќи дека е потребен договор затоа што тоа е во интерес на двете земји, но како предуслов споменува уставни промени.
Во соопштението објавено од грчките медиуми, Академијата наместо привремената референца ПЈРМ, за нашата земја ја користи фразата „државата на Скопје“, јавува дописникот на МИА од Атина,.
„Академијата забележува дека неопходен предуслов за било каков договор за името на државата на Скопје треба да биде измена на Уставот, напуштање на иредентистичките барања (учебници, географски карти, споменици на Александар Велики итн) и присвојувањето на историјата, на културата и на симболите на нашата земја. Местото на населување на еден народ не го одредува нивниот идентитет. Одолговлекувањето на нерешеното прашање не е во интерес на двете земји“, се наведува во соопштението што го пренесуваат грчките медиуми и го коментираат како една од ретките реакции и ретките случаи кога Академијата зазема став.
Ново на Сител
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба