Македонија
6. March 2018 - 10:44

Грчев: Никогаш не сум рекол дека македонската нација е измислена и создадена во 1943 година

Координаторот на работната група за ревизија на проектот „Скопје 2014“, Мирослав Грчев вчера гостуваше наТВ дуел во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, каде рече дека тој никогаш не рекол дека македонската нација и јазик се измислени и создадени во 1943 година.

-Ова не е цитат, ова е злоупотреба. Јас кажав дека во рамките на југословенскиот државен проект е созадена македонската држава во која се еманципирани нацијата, јазикот и идентитетот, рече Грчев.

Мирослав Грчев: Македонската држава, нација и култура се измислени во рамките на поранешна Југославија