Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија со протестен марш во Неготино
Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија и вечерва организираше протестен марш во Неготино. Пред присутните се обрати студентката Ивона Атанасова.
- Чадори, бомбаши, предавници и трговци. Пред вас имате народ, имате нација со изграедни вредноси и утврден идентитет. Нација која гордо и исправено ја пее својата химна, порача Атанасова.
На сите кои секојдневно протестираат таа им честита за храброста и издржливоста за заедничка Македонија.
- Веќе над 30 дена сме овде на исто место и не отстапуваме од нашите цели. Секој ден сме овде заедно и го делиме истото мислење, Македонија вака се сака. Ги носиме овие црвено жолти бои затоа што емотивно сме врзани за нив. Овие бои се дел од нашиот код за распознавање, со истиве овие бои и оваа знаме ги бодрев сите наши Македонски победи, со истата цел и мисла се гледаме и утре повторно, порача таа.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата