Македонија
23. August 2015 - 15:16

Го извлекле додека се давел во Вардар, починал во болница

На кејот на Вардар, во близина на спортска сала „Јане Сандански“, вчера случајни минувачи во реката забележале машко лице на возраст од околу 60 години како се дави. Тие успеале да го извадат од реката и со Брза помош пренесено е на токсикологија каде починало. Утврден е идентитетот на лицето, а се работи за И.Т.(1936) од Скопје.