Бизнис
28. March 2024 - 16:48

Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас

Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина странски компании кои работат во зоните. Македонија, како земја членка на ОЕЦД, мора да го имплементира законот, а првите плаќања на данокот ќе дојдат во 2026-та година. Засегнати се мултинационалните фирми, кои имаат годишна добивка над 750 милиони евра. Ако до сега беа ослободени од плаќање данок или плаќаа само 10 отсто, сега разликата ќе мора да ја платат во матичната земја. По овој основ, се очекува годишно да се одлеваат околу 30 милиони евра 

- За голем број компании безразлика дали работат во или не во технолошко индустриските развојни зони, дали добиваат државна помош или не, ќе треба детално да се разгледаат сите ефекти како тоа ќе влијае. Зборуваме за бројка од над 50 компании кои доаѓаат од многу различни земји, од Северна Америка и од Европа, пред се, истовремено можеме да дадеме размислувања и предлози на кој начин потенцијално идните политики визави компании и државната помош и начинот на различни даночни ослободувања ќе треба потенцијално да се адаптираат за да имаме оптимално искористување овде, изјави Виктор Мизо, пресетдател на Совет на странски инвеститори. 

Македонија со глобалниот данок го губи адутот на земја со даночни ослободувања и ниски даноци за привлекување странски инвеститори. Државата ќе мора да најде начин како помошта и бенефициите кои ги дава- да ги прилагоди, согласно новите правила. 

- Очекувам да се размислува и да се формулира што може да се прави поврзано со фискалните аспекти, со економската политика – секоја компанија сама може да размисли за импликациите и потоа да реши како да постапува. Чисто да биде подготвена за усогласување на плаќањето, рече Мирослав Мирчев, ревозорска куќа PwC

Целта на воведување на глобалниот данок на добивка е на инвеститорите да им биде сеедно каде ќе инвестираат. Изминатите години токму големите мулинациоални корпорации ги префрлаа парите во земјите познати како даночни раеви, каде беа ослободени од плаќањето данок. Законот веќе стапи на сила во земјите членки на Унијата, но мора да се применува и во земјите од Западниот Балкан, како членки на ОЕЦД.