Ѓурчески: Се сомневам дека Данка е киднапирана, детално чешлање на сите криминалци во тој регион
Исчезнувањето на малата Данка Илиќ (2) во Бањско поле кај градот Бор го потресе регионот. Потрагата по малата Данка трае точно два дена, односно од 13:30 на 26 март, кога нејзината мајка пријавила дека не може да ја најде својата ќерка. Нејзиното исчезнување за прв пат го вклучи системот „Најди Ме“, кој ги известува сите граѓани во Србија со податоци и информации за личноста по која се трага. Во постапката се вклучени и повеќе од 500 службеници, а на пронаоѓање работат и сите безбедносни системи од регионот. Поранешниот началник на МВР, Љубомир Ѓурчески во разговор за утринската програма на Сител ТВ, посочи дека потрагата по Данка преминува во истрага. Ѓурчески се сомнева дека станува збор за криминално дело, односно грабнување.
Според него првичните чекори се веќе преземени а потребно е детално прочешлување на сите лица познати на законот како сторители на кривични дела изнуда, киднапирање и трговија со недозволени работи.
Ѓурчески ја посочува важноста на системот „Најди Ме“ и верува дека ова треба да биде уште еден поттик за нас како држава да го искористиме и воведеме истиот начин на функционирање.
Ваквите немили настани како што беше случајот со Вања во Македонија и сега со Данка во Србија треба да биде поттик за многу поригорозни законски казни и многу посилни контроли. Имено, Ѓурчески посочува дека сите индикации, шпекулации, тврдења за трговија со деца, трговија со органи не треба да се занемарува туку напротив сериозно да се истражи.
Ѓурчески верува дека српските безбедносни сили имаат и услови и капацитет да извршат темелна истрага која ќе доведе до расветлување на случајот.
Кирил Стојанов
Ново на Сител
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%