Македонија
27. March 2024 - 16:47
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно
Членството на Македонија во НАТО се покажа како стратешки чекор кој ја зголеми безбедноста во целиот регион, време е за влез во Европската Унија.
Евроамбасадорот Гир вели дека не се точни информациите дека Унијата не ја сака Македонија во европското семејство. Членството е достижно, но откако земјава ќе ги спроведе превземените обврски со уставните измени и неопходните реформи.
По повод одбележување на 4-годишнината од членството на Македонија во Алијансата, земјава доби само пофалби од амбасадорите на земјите сојузнички за својот придонес. Велат дека руската агресија врз Украина докажа дека проширувањето на Алијансата е единствен одговор за стабилност.
Со денешниот настан стартуваше одбележувањето на деновите на НАТО кое ќе трае до 4 април.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->