-->
-->
„Газпром“ истражува кој е Михаил Путин
-->
Роднина на рускиот претседател Владимир Путин е именуван за висока позиција во државниот гигант „Газпром“.
Во краток финансиски извештај „Газпром“ нагласи дека овој најголем производител на гас „ќе го разгледа случајот М.Е.Путин“ без да соопшти повеќе детали.
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков потврди дека станува збор за роднина на Путин, но подалечен.
- Колку што јас знам, станува збор за подалечен роднина на претседателот. Не знам дали воопшто се во контакт, истакна Песков.
Руски медиуми наведуваат дека Михаил Путин е син на роднина на Владимир Путин.
„Газпром“ одби да ја коментира неговата евентуална позиција во компанијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Чашка затекнати двајца дрвокрадци од Прилеп
-
Комесар на СЕ за човекови права: Со Резолуцијата за Сребреница, светот се залага за правата на жртвите
-
Пронајдена дрога кај девет гости во скопски дискотеки
-
Пожар во куќа во центарот на Штип
-
Запленети над 400 метри рибарски мрежи за крап на Дебарско Езеро
-
Мотоциклист заврши во болница по судир со автомобил
-
Маж каснат од куче скитник во Скопје
-
Стоилковски: Преговарачкиот процес со коалициските партнери е во напредна фаза и се базира на принципи