Македонија
19. November 2021 - 18:34

Гаши: Јас сум убеден дека ќе ја донесеме најдобрата одлука за сите

По денешната средба помеѓу Заев и Гаши, претседателот на Алтернатива изјави дека сакале да го видат концептот на Заев, и кои би биле следните чекори во евроинтеграцијата. Кажа  и дека внатре во партијата ќе разговараат што понатаму. Ќе водат сметка за интересот на граѓаните, државата, Албанците, и за партијата. 

„Јас сум убеден дека ќе ја донесеме најдобрата одлука за граѓаните, државата, за нас“, изјави Гаши. 

Тие сакаат да видат каде ќе биде Алтернатива во мнозинството, која ќе биде улогата, дали ќе можат да помогнат во евроинтеграциите.