Македонија
16. December 2021 - 18:51

Гаши: Ако пратениците одлучат да одиме на избори, ќе одиме на избори

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши смета дека добро е што има средби меѓу лидерите на партиите во Собранието, откако таму се сретнаа претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

- Треба почесто да има средби меѓу претседателите на сите политички партии, рече Гаши.

Вели дека легитимно е доколку Собранието се распушти да се оди на предвремени парламентарни избори.

- Легитимно е. Во демократски систем живееме, ако 61 пратеник одлучат да одиме на избори, ако се распушти Собранието, нормално дека ќе одима на избори, рече Гаши.