Македонија
17. April 2024 - 16:35

Фриленсерството во Македонија - Предности и маани

Наместо работа во канцеларија од 8 часа, сами си го бираат местото за работа- дома, плажа или пак друга држава. Повеќе пари, флексибилно работно вереме- фриленсетсрвото на глобално ниво зема се поголем замав. Најчесто младите сламката за финансиски спас ја гледаат во фриленс работа, а се што е потребно е лаптоп, интернет и секако, вештини.

Во Македонија нема официјална проценка за тоа колку фриленсери има, но според претспоставките бројката изнесува околу 10.000 велат од фондацијата Импакт. Но сепак споредбено со соседна Србија, каде над 100.000 лица работат како фриленсери, во Македонија сепак не е толку развиена оваа пракса за работа.

Што е она за што луѓето се скептични за фриленс работата?

На денешната тркалезна маса се разговараше како да се создаде еко систем во кои ќе функционираат фриленсерите во Македонија, по примерот на европските земји.

Најчесто програмирање, веб дизајн, дигитален маркетинг, архитектура се браншите кои фриленсерите начесто ги бираат за работа.