Филипче: Освен што нема термини за магнетна резонанца, многу мал процент од закажаните се реализираат
Покрај тоа што нема термини за закажување пред се за снимање на магнетна резонанца во некои од јавните здравствени установи, анализата покажа дека многу мал процент од закажаните термини се реализираат, што не доведува до заклучок дека пациентите и покрај тоа што редовно имаат закажан термин наоѓаат начин со приоритетен упат да се снимат порано од закажаниот термин, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Посочи дека има контролна работна група во смисла на контрола на овие податоци на терен во сите институции каде има компјутерска томографија и магнентна резонанца, за да утврдат дали тоа се пациенти кои претходно имале закажан термин и заради тоа што нашле начин тоа да го реализираат со приоритетен упат тој пропаѓа, а тоа да биде еден од начините да го изнајдат решението.
– Во Битола на пример се зголеми бројот на термините, бидејќи се додаде уште една смена, па сега се работи и до подоцна во ноќта. Меѓутоа, сигурно дека станува збор и за недостиг на апарати. Заради тоа планираме набавка на медицински апарати за 2019 година токму врз основа на анализа на овие податоци. Апарати за компјутерска томографија и магнетна резонанца треба да добијат и некои центри кои ги немаат пред се Медицинскиот центар во Кавадарци и уште еден апарат за компјутерска томографија во одделот за онкологија во новонаправениот депанданс, каде е сместен и и акцелераторот во Клиничката болница во Битола со што овој центар ќе го преземе дел од товарот, што го има Клиниката за онкологија во Скопје, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата на Клиниката за уво, нос и грло.
Освен за дијагностика, нагласи, компјутерската томографија ќе служи и за симулација за спроведување на зрачна терапија.
Додаде дека на Клиниката за радиологија има конкурс за нови вработувања, а тоа се планира и во Клиниката по хирушки болести „Св. Наум Охридски“.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Ме погоди гласањето на Северна Македонија за резолуцијата
-
Земји на НАТО што граничат со Русија ќе подигнат „ѕид од дронови“
-
Гервала: Не ја спроведуваме ЕУ верзијата на ЗСО доколку Белград не го спроведе Бриселскиот договор
-
САД ќе испратат во Украина оружје во вредност од 275 милиони долари
-
Сарај ќе се приклучува кон градската водоводна мрежа, намалување на притисокот во водоснабдувањето на дел на Ѓорче Петров
-
Сончево и топло со променлива облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд
-
Пукање на автопатот Тетово - Скопје
-
Рибочуварка на Тиквешко Езеро физички нападната од три лица