-->
-->
ФИФА доживотно казни судија за досуден непостоечки пенал
-->
Фудбалски судија од Гана, Џозеф Лампеј е доживотно суспендиран откако ФИФА го потврди неговото учество во „кроењето“ на резултатот на натпреварот меѓу Јужна Африка и Сенегал во квалификациите за Светското првенство, кој заврши со победа на домаќините со 2-1.
Причината поради која ФИФА ја изрече оваа казна е погрешно досудениот пенал за домаќините при резултат 0-0. Имено, иако топката го погоди во нога гостинскиот одбрамбен играч Калиду Кулибали, сепак судијата Лампеј покажал игра со рака по што досудил и најстрога казна на Јужна Африка.
Иако тоа беше водечкиот гол за домаќините кои подоцна славеа победа со 2-1, сепак се покажа како решавачки момент за исходот на мечот, односно досудениот пенал имаше големо влијание на конечниот резултат.
ФИФА издаде и соопштение во кое пишува - „Судијата Лампеј го прекрши членот 69 став 1 од нашиот дисциплински правилник, по кој службено лице на ниеден начин не смее да влијае на конечниот резултат на натпреварот. Затоа решивме доживотно да го отстраниме од било какви обврски во фудбалската игра. Одлуката сеуште е необврзувачка, а сите останати информации за натпреварот ќе бидат достапни по правосилноста на одлуката“.
За судијата Лампеј ова не е прва казна. Имено, Африканската фудбалска конфедерација веќе го имаше суспндирано на пола година, поради признавање на непостоечки гол во полуфиналето од африканската Лига на шампиони во 2010 година.
Во ФИФА дури и ја разгледуваат можноста натпреварот меќу Јужна Африка и Сенегал да биде преигран. ит/
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор
-
ДУИ чека преговори за Влада - Џафери одбива да говори за опозиција
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот Беласица: 37 годишникот е веќе во затвор
-
Мерка на претпазливост, редовно јавување во суд за обвинетите за распределба на спортски ваучери
-
Џунглата во дворот на Владата ги скара Џафери и Арсовска
-
Не запира одливот на медицински сестри од јавното здравство