-->
-->
Евробаскет 2015: Како до осминафиналето во Лил ?
-->
Вчерашниот убедлив пораз од Грузија (90:75) ја оддалечи Македонија од пласман во осминафиналето кое ќе се игра во францускиот град Лил. Но постои сеуште шанса.
Потребна е победа над Словенија и пораз на Грузија од Хрватска.
Постои и уште една комбинација, која вели: победа на Македонија, победа на Грузија, но на крајот и победа на Холандија над Грција. Во оваа ситуација пласман во следната фаза ќе изборат Македонија и Словенија, кои ќе имаат скор (2-3 победи порази), но двете победи ќе бидат над директните ривали во „мини табелата“ од четири селекции.
Но, најважно е секако прво Македонија да постигне победа над Словенија, која веќе е пласирана во осминафиналето, но Словенците со победа ќе бидат на третото место.
Во групата Ц Грција е сигурно прва, Хрватска втора. Холандија само со победа над Грција и пирази на Македонија и на Грузија може да биде на 4.место. Ако Македонија, Холандија и Грузија останат со скор 1-4 тогаш Грузија има најдобар кош количник. Секако присутна е и варјантата со наша победа и победа на Грузија, која треба да биде изразена со двоцифрена разлика.
Во другите групи има исто така неизвесност.
Група А (Монпеље):
Франција и израел играат меѓусебе. Победникот е прв во групата, а Израел ако загуби ќе биде сигурно втор. Победникот од дуелот Финска - Полска ќе биде на третото место, а поразениот четврти. БиХ и Русија немаат шанси за осминафиналето (играат меѓусебе).
Б група (Берлин):
Србија и Италија играат за првото место во групата. Турција е фаворит во дуелот со Исланд и ако победи ќе има скор 3-2. Италија со пораз ќе има исто 3-2, како и Шпанија доколку ја победи Германија. Тогаш ќе решава „мини табелата“. Шпанија има најдобар кош-количник, па Италија и Турција. Германија само со победа над Шпанија може да биде на на 4.место. Исланд е веќе без осминафинале.
Д група (Рига):
Во оваа група има најголеми дилеми. Јасно е само дека победникот на дуелот Чешка - Литванија ќе биде прв. За другите две места ќе решаваат дуелите Белгија - Украина и Естонија - Летонија. Белгија и Летонија ако победат ќе бидат осминафиналисти, но ако слават Украина и Естонија ќе има „мини табела“ на четири селекции со ист скор (2-3).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг