Ракомет
14. February 2024 - 8:18

Еурофарм Пелистер го пречекува ПСЖ во полна сала

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер во полна сала ќе го пречека француски ПСЖ, откако битолскиот клуб соопшти попладнево дека сите влезници за натпреварот од 11. коло во групата А во Лигата на шампиони се продадени.

- Спортската сала „Боро Чурлевски“ повторно е целосно распродадена“, соопшти Еурофарм Пелистер пред утрешниот дуел против ПСЖ со почеток во 18:45 часот.

Еурофарм Пелистер го пречекува францускиот гигант по неделниот триумф на домашен терен над Вардар 1961 (27-21) во големото македонско дерби на кое трибините во салата во Битола, исто така, беа максимално исполнети.

Македонскиот претставник во ракометната Лига на шампиони е последнопласиран во групата А, без освоен под по десет одиграни кола.