Македонија
28. October 2015 - 16:17

ЕУ со двојни аршини за Црна Гора и за Македонија

Дали Европската унија е со двојни аршини за разрешување на политичките кризи во Македонија и Црна Гора?

По големите протести на опозицискиот “Демократски Фронт“ кои беа брутално задушени од полицијата на премиерот Мило Ѓукановиќ, Европската унија го одби барањето на опозицијата да посредува во разрешувањето на политичката криза со преодна влада.

- Партнерите од европските институции сега би требало да покажат, исто така разбирање за длабочината на кризата во Црна Гора, за институционалната криза и да помогнат со медијаторска улога на европските институции. За на мирен и демократски начин да дојдеме до првите слободнио и демократски избори.

На ова барање портпаролката на Еврокомесарот Хан одговори категорично: „Решение ќе најдете без наше посредство“.

- Секое решение на актуелната политичка криза треба да се бара во Црна Гора без посредништво на Европската Унија. Брисел останува на ставот дека политичкиот дијалог на претставниците на партиите мора да се води исклучиво во институциите на системот, односно во парламентот, изјави Маја Коцијанчиќ.

Од друга страна, за истото барање за преодна влада во Македонија, евроамбасадорот Аиво Орав заедно со амбасодорите од европската унија се силно заинтересирани за разрешување на политичката криза, на начин кој што одредени медиуми во Македонија го протолкуваа како мешање во внатрешните работи на земјата.

Експертската јавност зачудена од различниот пристап на ЕУ при разрешување на слични кризи во две држави кои се аспиранти за влез во Европската Унија.