-->
-->
Ердоган спасувал фудбалски судии?!
-->
Челните луѓе на турскиот прволигаш Трабзонспор го “заробиле“ судиите незадоволни од арбитражата на мечот со Газијантеп, кои потоа биле ослободени по интервенцијата на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Претседателот на Трабзонспор, Ибрахим Хациосманоглу, кој за време на натпреварот се наоѓал во Истанбул, наложил судиите да бидат затворени во соблекувалната сè додека тој не дојде на стадионот.
Инаку, судиите го навлекле гневот на домашниот тим со недосудениот пенал, поради што мечот завршил без победник 2:2.
„Судиите не смеат да го напуштат стадионот додека јас не пристигнам“, наводно рекол Хациосманоглу.
Клупските челници во соблекувлната не само што ги заклучиле четворицата судии, туку заедно со нив заклучиле и неколкумина преставници на Фудбалската федерација на Турција.
„Немојте да правиме скандал пред Турција и пред целиот свет“, му кажал турскиот претседател Ердоган на првиот човек на Трабзон, пренесува агенцијата Доган.
Откако биле ослободени судиите во полициска придружба го напуштиле стадионот, а по повод инцидентот Фудбалската федерација на Турција покрена истрага.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Американските сили нападнаа цели на јеменските бунтовници Хути
-
Приведено лице од Битола осомничено за кражба на автомобил
-
ЕВРО2024: Две пива по лице на дуелот меѓу Англија и Србија
-
Претседателката Сиљановска Давкова ќе учествува на Самитот за мир во Украина
-
Во Скопје казнети 132 возачи
-
САД за уште една година ја продолжија уредбата за вонредна ситуација на Западен Балкан
-
Во Швајцарија се одржува дводневна мировна конференција за Украина
-
Викендов стабилно со пораст на дневната температура, од понеделник повторно локален дожд и грмежи попладне