Ердоган ја обвини Клинтон дека е во контакт со Ѓулен
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја обвини демократката Хилари Клинтон дека била во конатакт со муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен.
Тој наведе дека според неговите информации, за разлика од Клинтон новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп не добивал пари од организацијата на Ѓулен за предизборната кампања.
- Доналд Трамп води борба со сопствени средства. Од какви извори се финансираше нејзината (на Клинтон) предизборна кампања? ФЕТО (Фетулистичка терористичка организација) беше една од структурите кои и дадоа сериозна поддршка на Демократската партија, посочи Ердоган.
Тој изрази надеж дека со доаѓањето на Трамп на власт ќе почне нов период во САД.
- Сметам дека изјавите против Трамп во различни места во Европа и во низа американски држави претставуваат непочитување на демократијата, истакна Ердоган.
Ново на Сител
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски