ЕП - Хрватска 2018: Германците се спасија од пораз
Македонија одигра нерешено со европскиот првак Германија 25:25 и како прва ќе продолжи во следната фаза.
Селекторот на Македонија Раул Гонзалез почна со изнендување за европскиот првак и напад 7 на 6. Таквата игра во првите 10 минути даде резултат и Македонија водеше со 5:2, но противникот потоа ги казни нашите грешки имаше серија од 5-0 за водство од 10:7 во 21.минута. Во 24.минута за првпат во игра влезе Миркуловски и нападот пак беше опасен и успеавме на полувреме да намалиме на 12:11. Голманот на европскиот првак Волф во првиот дел имаше 8 одбрани.
Почетокот на вториот дел е во знакот на Македонија, Манасков ги постигнува првите три голови, Талевски само го надополни и во 43.минута германскиот селектор Прокоп бараше тајм аут дека Македонија водеше со 19:16, а одбраната на Македонија беше одлична во тие моменти. Германија успеа да изедначи во 49.минута на 20:20, а нашата репрезентација во одбраната играче без Јоновски, кој од 40-та минута се пожали на повреда. Германците ја продолжија серијата (5-1) за водство од 21:20. Манасков од 7.метри изедначи на 21:21. На 23:23 Македонија се одбрани, но не шутна на празниот гол на противникот, ја загубивме топката и Гретцки од контра погоди за 24:23. Талески потоа изедначи на 25:25. На 90 секунди до крајот Ристовски одбрани за напад на Македонија. На 15 секунди до крајот ударот на Стоилов, Хајневетер го одбрани – за последен напад на Германија. Противникот не успеа да изведе акција и резултатот остана 25:25.
Најефикасен на дуелот беше Талески со 6 голови, а Ристовски имаше 12 одбрани.
Македонија групата ја завршува на првата позиција со 5 бодови или 3 ќе пренесе во следната фаза.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево