-->
-->
ЕП - Хрватска 2018: Чешка во вараждинската група против Македонија
-->
Селекцијата на Чешка обезбеди пласман во главната фаза на Европскиот ракометен шампионат што се одржува во Хрватска.
Во меч одигран вечерва во Вараждин, а во рамките од последното 3.коло на Д групата ракометарите на Чешка ја победи Унгарија со 33-27 со што го осигура своето учество во следната рунда.
Чешка заедно со Шпанија и Данска ќе бидат и противници на македонските ракометари во групата 2 во Варадждин.
Единствена непозната е со колку бодови во втората фаза ќе стартуваат Шпанија и Данска кои вечерва играат меѓусебно во последниот меч од првата фаза на првенството.
Таму Македонија ќе пренесе три бода, Чешка 2, а по два најмалку ќе имаат и Шпанија и Данска.
Германија ќе го чека исходот од дуело меѓу Словенија и Црна Гора кој решава за последниот патник, но и за тоа колку бодови Германците, односно Словенците или Црногорците ќе однесат во втората фаза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Отчет на претседателката на Уставниот Суд, Добрила Кацарска
-
Шокаровски: Моето разрешување е незаконско
-
Стоилковски: Од вчера не работат апаратите за компјутерска томографија
-
Таки Фити: Внимавајте со трошењето и задолжувањето на државата
-
Студентите од Штип во Кариерен центар на УГД
-
Акција за чистење на Охридското Езеро
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе најде ли ДУИ удобност на левата страна од Собранието - што да очекуваме од новото Собрание