Енрике: Швајцарија ќе биде сериозен тест за нас
Селекторот на шпанската репрезентација, Луис Енрике, ги искажа своите очекувања за денешниот натпревар против Швајцарија на ЕВРО 2020.
– Натпреварот ќе биде тежок. Гледајќи како нашиот противник напаѓа и се брани, предвидувам многу тешка средба. Швајцарија има тренер кој има одиграно над седумдесет натпревари со тимот. Ова е специјалист на највисоко ниво. Швајцарската репрезентација е неверојатно тешка за пораз, тоа ќе биде сериозен тест за нас, изјави Енрике.
Тој ги нема одредено единаесетмината со кои ќе го почне мечот.
– Сè уште не сум одлучил за составот, не знам дали ќе сменам нешто. Кога велам дека секој може да биде во почетниот состав, мислам токму на тоа, истакна Енрике.
Четвртфиналниот натпревар Швајцарија – Шпанија ќе се одигра во Санкт Петербург со почеток во 18 часот.
Ново на Сител
-
Во недела Силјановска ќе биде инаугурирана за претседателка на државата
-
ВМРО-ДПМНЕ почнува преговори за нова Влада, поставени три принципи за коалицирање
-
Само 18 мандати за СДСМ во Парламентот – дел од партиските функционери поднесоа оставки
-
Анализа: На што се должи поразот на изборите на СДСМ?
-
Пристигнаа првите честитики за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Просечна излезеност до 18:30 часот
-
Просечна излезeност до 15:00 часот