Македонија
11. April 2024 - 12:28
Еко акција на здруженијата за глуви
Здруженија на глуви и наглуви од земјава и странство здружени во еко акција го раззеленија паркот и брегот на Охридското Езеро кај Далјан. Големиот број млади садници ќе го збогатат зеленилото во паркот кој пред четириесеттина години го создале Здруженијата на глуви и наглуви а целта е како што велат подигнување на јавната свест и развој на капацитетите за заштита на животната средина.
Во рамките на проектот има и обуки и предавања за лицата со попречености.
Акцијата е дел од проектот Инклузивна екологија, под мотото „Да оставиме зелена трага”. Инаку најголемиот дел од глувите лица во Охрид се самостојни и вработени, најчесто од свои 18 години работат во заштитни друштва.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->