Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
Триесет и деветгодишен возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани. Сопатничката и двете малолетни деца поради здобиените повреди се пренесени во штипската Клиничка болница.
Пријавата во СВР-Штип е во 02:24 часот, изјави за МИА Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип.
Несреќата се случила во близина на клучката кај селото Крупиште, а според првичните информации, во несреќата учествувало само едно возило. Автомобил марка рено „лагуна“ со скопски регистерски таблички излетало од коловозот, а од здобиените повреди починал возачот И.М од Скопје.
Увидот во несреќата е во тек. Сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани се одвива по двете коловозни ленти.
На овој експресен пат од почетокот на годината досега во три тешки сообраќајки, животите ги загубија пет лица.
Ново на Сител
-
Во прекин сообраќајот на патот Весилево - с.Градошорци поради сообраќајка
-
Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета
-
Убиен војник во престрелка меѓу египетската и израелската војска кај Рафа
-
Седница на Извршниот одбор на СДСМ за предвремените внатрепартиски избори за ново раководство
-
ДИК го одби приговорот од „Европски фронт“ за изборното место во Ларце
-
Скопската вода добра за пиење, покажуваат најновите испитувања
-
Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива
-
Скопјанец ограбен во Градски парк