Џеват Исени: Денеска со еден потпис разрешив 11 директори на ВМРО-ДПМНЕ, назначив директорка Албанка во Охрид!
Џеват Исени од Скопје е еден од најхрабрите фунционери на новата влада. Како претседател на бордот предложен од СДСМ во Јавното Претпријатие за изградба и стопанисување со стамбен и деловен простор, Исени со задоволство за Весникот Лајм ја споделил информацијата за разрешување на 11 директори на ВМРО-ДПМНЕ и именување на нови директори, каде што потенцираше и именувањето на директорка Албанка во Охрид после 11 години.
„Денеска имав особена чест, со еден потпис да разрешам 11 директори на ВМРО и да именувам 11 директори на СДСМ. Имав чест и да ја потпишам одлуката на именување на Албанката од Охрид, госпоѓата Јехона Сулејмани за директорка. После 11 години Охрид ќе има директорка Албанка. Без пречки од СДСМ дозволија да ја унапредам оваа госпоѓа. Честитки“ , рече Исени.
Ново на Сител
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај
-
Повторно доцни сеидбата на ориз во атарите на селата на Општина Чешиново-Облешево
-
Светски ден на семејниот лекар
-
Преглед на вестите од светот