-->
-->
Двајца загинати и 14 повредени во пукање на забава во парк во Мемфис
-->
Две лица загинаа, а 14 се повредени синоќа при пукање на забава во градски парк во американскиот град Мемфис, соопшти полицијата.
Полицајците од полициската управа во Мемфис реагирале во 19:19 часот на пријава за пукање, изјави началникот на полицијата Серилин Дејвис на прес-конференција на местото на инцидентот.
Тој рече дека полицијата пронашла пет лица со прострелни рани. „Двајца мажи починале на местото на настанот, а три лица биле пренесени во околните болници во критична состојба“, истакна Дејвис.
Други 11 жртви самите побарале лекарска помош. На забавата, која не била одобрена од властите, присуствувале од 200 до 300 луѓе. Не се соопштува за апсења.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од почетокот на годинава се отстранети 150 диви депонии на територија на Град Скопје
-
Утрово најсвежо во Лазарополе
-
104 санкционирани возачи во Скопје, 29 возачи на мотоцикл
-
ГЕРБ на Борисов победи на парламентарните избори во Бугарија
-
Бостон го победи Далас и во вториот натпревар од финалето на НБА
-
Течат роковите за формирање на новата влада која ќе има 20 министерства
-
ДКСК ќе ја одржи шестата седница
-
Избори за ЕП – Подем на екстремната десница и можен нов мандат за фон дер Лајен