ДУИ бара укинување на патните трошоци за пратениците
Пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми на комисиската расправа за труд и социјална политика во Собранието, најави амандман со кој ќе се бара укинување на сите патни трошоци за пратениците. Тој пред членовите на комисијата упати остри критики во однос на исплаќањето на овие трошоци за пратениците.
- На овој начин треба да ги испровоцираме и другите функционери, а со тоа, да не сме ние на мета постојано. Еднаш да работимe за народот и да се жртвуваме, за новинарите да не пишуваат за нас, рече Адеми.
Џеват Адеми му реплицираше на Павле Богоевски, вејеќи му дека треба да се согласи со него, а пак ова решение за него е привремено.
На денешната комисиска расправа се аргументираше за законските измени кои ги предложи пратеничката група на СДСМ, кои бараа намалување на патните трошоци од 30% на 20% од потрошените средства за платено гориво.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Бендевска, потпретседателка на ЗНАМ
-
Гаши поднесе оставка во Алтернатива, утре ќе биде избран за собраниски спикер
-
Заседава раководството на СДСМ - Ковачевски нема да се кандидира, неколкумина подготвени да влезат во трка
-
ДИК го отфрли приговорот на ДУИ
-
Претседателката ќе го почитува Уставот
-
ВМРО-ДПМНЕ, Вреди, ЗНАМ пред финален договор - распределени министерствата и претседател на Собранието
-
ДИК одлучува за гласањето во Желино
-
Пукање на Пластичарска: Еден загинат, двајца ранети