ДПМ ќе ги врачи годишните награди по повод 69-тиот роденден
Друштвото на писателите на Македонија денеска на годинашните добитници ќе им ги врачи петте награди за најдобри остварувања во 2015-та, на свечен собир по повод својот 69-ти роденден.
Годинашни лауреати се писателите: Оливера Николова која ја доби наградата „Стале Попов“ за прозната книга „Кадифената покривка“; Славе Ѓорго Димоски - награда „Ацо Шопов“ за стихозбирката „Јазичен триптихон“; Весна Мојсова-Чепишевска - награда за есеи и критика „Димитар Митрев“ за книгата „Семеен албум“; Велко Неделковски - награда за литература за деца „Ванчо Николески“ за „Златко - Златец“ и Јусуф Едип, кој доби награда „Книжевен мост“ за најдобра книга на некој од јазиците на националностите, за стихозбирката „Прашинка“ објавена на турски и на македонски јазик.
Друштвото на писателите на Македонија е формирано на 13 февруари 1947 година од писателите: Васил Иљоски, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ристо Крле, Владо Малески, Димитар Митрев, Иван Точко, Коле Чашуле и Ацо Шопов. Прв претседател на ДПМ бил Блаже Конески.
Ново на Сител
-
Алтернативните форми на туризам се поактуелни на туристичкиот пазар
-
Тема на денот со Павле Воскопулос - „Виножито“
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски се поблиску до 2/3 мнозинство во собранието
-
Официјална Атина продолжува да предупредува за непочитување на Преспанскиот договор
-
Детектор: Членството во НАТО ни ја зголеми безбедноста, но не го забрза патот до ЕУ
-
Јавен обвинител ќе го истражува хаосот со хирушките сали на Клинички
-
Лицата со дијабетес бараат референтни цени, а не тендери за инсулин и дијабетични помагала