Македонија
19. March 2024 - 12:21

Доделени наградите на 25. Меѓународен фестивал на афоризам и карикатура

Полскиот карикатурист Михаил Грашчук и српскиот афористичар Нинус Несторовиќ се победниците и добитници на златни плакети на јубилејното 25 издание на меѓународниот фестивал на афоризам и карикатура кој се одржува во Струмица. Тие наградите ги добија во силна конкуренција помеѓу голем број автори од три различни континенти во делот на карикатурата и речиси сите балкански држави во категоријата за афоризам.

На затворањето на фестивалот беа доделени и сребрени и бронзени плакети во двете категории , но и специјални признанија од организациониот одбор на струмичкиот карневал.  Меѓународниот фестивал на афоризам и карикатура  е инспириран од струмичкиот карневал и како главна тема за работа ги има карневалот и еротиката и е единствен од таков тип во државата.