Македонија
26. November 2015 - 16:58

Доцнење на платата, причина за штрајк во основното центарско училиште 11-ти октомври

Доцнење на платата, причина за штрајк во основното центарско училиште 11-ти Октомври. Децата се згрижени но настава не се држи. Наставниците велат дека веќе долго време политичката пресметка на релација општина Центар, министерство за обарзование се одвива врз нивниот грб.Тврдат дека немаат услови за работа, постојано се под притисок, трпат мобинг, а сега се и без пари.

Досегашниот ве де директор, вели дека од денеска тој и официјано е директор на училиштето,  а тоа го потврдува со решението од центарлниот регистар. Вели штрајкот е прекинат, учениците се вратени на настава, а утре попладне наставниците ќе добијат плата.

Од општина центар велат дека во вторникот, откако претходната директорка Даниела Костадинова ја потпишала платата, а Лазаервски дал согласност за тоа, документите се прцесуираат.

Даниела Костадинова  која во моментов е на боледување , за сител вели дека таа од општина центар добила отказно решение истиот ден кога ја потпишла платата. Тврди дека повторно е разрешена без никакви аргументи. Според неа, таа се уште е директорка на училиштето, бидејќи во тек е жалбената постапка на второстепената комисија, а  се дотогаш на сила е решението од министерот за образование.