Сообраќаен знак прогласен за премногу „секси“

24.02.2012 - 09:35 |

Властите на шведскиот град Упсала, во југоисточниот дел на земјата, наредија замена на сите сообраќајни знаци кои предупредуваат за постоење на пешачки премин.

Градските власти сметаат дека овие знаци се „провокативни“, бидејќи на нив е прикажана силуета на жена со бујни гради и премногу кратко здолниште, наведува локалниот весник „Ниа Тиднинг“.

- Станува збор за измена на верзијата на знакот кој, исто така, е забранет пред неколку години, изјави еден од градските претставници.

Знак со сличен стил во 2008 година предизвика полемика, бидејќи беше оценет како премногу „женствен“.

Дело на група независни дизајнери, инкриминирачкиот знак е креиран во духот на половата еднаквост, бидејќи мажите се многу позастапени на сообраќајната опрема.

Дирекцијата задолжена за поставување на сообраќајните знаци во градот смета дека реакцијата на градските власти е претерана, но сепак ќе мораат да ги отстранат знаците и да ги заменат со нови. 

 

 

Коментирај

Понеделник - петок 19:45
22:15
Сабота и недела 21:00
Понеделник - петок 21:05
Понеделник до петок 09:10
Сабота 19:30
Од понеделник до петок, 17:10
Понеделник - петок 9:25

Гледај Online

©2010 sitel.com.mk