Шведската принцеза Викторија роди девојче

23.02.2012 - 11:08 |

Шведската престолонаследничка Виктоија, ќерка на кралот Густав Шеснаесетти, денеска роди девојче, соопшти нејзиниот сопруг принцот Даниел на прес-конференцијата во Стокхолм.

- Утрово во 4.26 минути, се роди 51 сантиметар долга и 3,28 килограми тешка принцеза, рече принцот, истакнувајќи дека и нејзината мајка и бебето се чувствуваат добро.

Името ќе биде објавено во следните денови.

Викторија и Даниел, нејзин долгогодишен партнер и поранешен инструктор за фитнес, се венчаа на 19 јуни 2010 година.

Престолонаследничката која е прва во линијата наследување на кралската круна, еден ден ќе стане трета шведска кралица.

Резултатите од повеќе анкети кои се спроведени во минатата година покажуваат дека поголем број Швеѓани за шеф на државата прво ќе ја изберат неа отколку нејзиниот татко, кралот Густав кој е вмешан во неколку скандали.

Шведска во 1980 година стана прва монархија во светот која воспостави еднаква примогенитура со која круната ја наследува првороденото дете, независно од полот.

Со таа реформа принцезата Викторија, како најстаро дете, стана престолонаследничка.

 

Коментирај

Понеделник - петок 19:45
22:15
Сабота и недела 21:00
Понеделник - петок 21:05
Понеделник до петок 09:10
Сабота 19:30
Од понеделник до петок, 17:10
Понеделник - петок 9:25

Гледај Online

©2010 sitel.com.mk