Операција на отворено срце во живо на Твитер

23.02.2012 - 11:42 |

Рутинска операција на отворено срце во вторникот наутро одеше во живо на Твитер.

 

 На оваа социјална мрежа се појавија пораки, фотографии и видео клипови додека во операционата сала во хирурзите вршеа коронарен бајпас.

 

Главниот кардиохирург д-р Мајкл Макрис имал камера на шлемот додека оперирал 57- годишен пациент во Меморијалната болница во Хјустон.

Првиот твит од операцијата бил: Внимание, вознемирувачка содржина, на корисниците ќе им треба силен стомак за да ги сварат следните содржини.

Имало и твитови со детали од операцијата: Д-р Макрис ги отвори градите на пациентот со скалпел, ласер а потоа и со пила.

Некои од пораките имаат значење исклучиво за медицинската фела бидејќи стручно се обрајнува процедурата на бајпас на срцето.

За останатата публика имало и едукативни информации за срцето: дека има големина на стегната тупаница и тежи од 200 до 425 грама.

Болницата во Хјустон операциајта ја емитувала во живо како свој придонес кон одбележувањето на Месецот на срцето во САД. Заинтересираните можеле да поставуваат прашања кои д-р Пареш Пател од тимот ги одговорал во текот на операцијата.

Најголема среќа е што операциајта поминала вез никакви компликации. Пациентот чие срце го видоа илјадници на Твитер целосно ќе се опорави на една недела.

 

Се вчитува...

Коментирај

Понеделник - петок 19:45
22:15
Сабота и недела 21:00
Понеделник - петок 21:05
Понеделник до петок 09:10
Сабота 19:30
Од понеделник до петок, 17:10
Понеделник - петок 9:25

Гледај Online

©2010 sitel.com.mk