Девоjче од Банкок - највлакнесто на светот
И покрај надворешниот изглед поради кој ја нарекуваат подбивно и "мајмунско лице" и "врколак", таа сепак е нормално 12-годишно девојче.
Супатра Сасуфан боледува од ретка генетска болест поради што нејзиното лице и тело со покриени целосно со влакна.
Супатра од Банкок поради тоа влезе во Гинисовата книга на рекорди како највлакнесто девојче. Инаку со нејзиниот Амбрас Синдром живеат само 50 луѓе во светот. И во минатото имало такви случаи и лицата биле отфрлани од општеството и биле стигматизирани како врколаци.
И покрај физичкиот изглед поради тоа што порано имала многу проблеми сепак Супатра оди во училиште и таму е најпопуларното девојче. Обожува да гледа телевизија, посебно цртани филмови со Душо Долгоушко. Сака и математика и дури и ги подучува другите деца. Сонува дека еден ден ќе биде лекар и ќе им помага на луѓето.

Родителите дознале со каков проблем ќе бидат соочени дури откако девојчето се родило. Уште како бебе двапати била оперирана поради тоа што имала многу малечки ноздрви и тешко дишела.

Кога овој проблем бил надминат останал само оној со влакната.
Досега два пати и биле отстранувани со ласер влакната од лицето и телото, но повторно и растеле.
- Се навикнав на мојот изглед. Не ја чувствувам косата како нешто што стрчи туку како дел од мене. Ми пречи само ако е премногу порасната - вели Супатра која се надева дека еден ден ќе се најде лек за нејзината невообичаена состојба.

Живот
|






















Коментирај