Повеќе од 200 рудари загинаа во рудник за злато во Сиера Леоне
19.03.2010 - 22:25 |
Најмалку 200 рудари погинаа кога се урна ров во нерегистриран рудник за злато во африканската држава Сиера Леоне, соопшти денеска Министерството за рудни богатства.
-Повеќе од 200 необучени рудари од рудникот за злато погинаа кога се урна ровот што самите го ископале, рече портпаролот на Министерството во оваа западноафриканска држава, пренесоа светските агенции.
Рударската несреќа се случи на југот на земјата, на околу 290 километри од главниот град Фритаун.
Агенциите соопштуваат дека нерегистрираните рудници за злато се честа појава во африканските земји.
Поврзани вести
Свет
|



















Коментирај