Почнува одбројувањето до ноќта на Оскарите

22.02.2012 - 19:11 |

Дрвото на животот, Полноќ во Париз, Уметникот, Потомци. 9 остварувања годинава се надеваат на Оскар за најдобар филм. 

Најдоброто од Холивуд и кинематографската индустрија по 84 пат ќе се собере на едно место. Најмногу номинации за оскар имаат филмовите Иго на Мартин Скорсезе и Уметник на Мишел Азанавичиус. На златната статуа според критичарите најмалку може да се надева Спилберговиот Воен коњ.

Еден од фаворитите е и семејната драма Потомци на режисерот Александар Пејн. Во него Џорџ Клуни има улога во која се труди да го одржи семејството на едно место, додека жена му е во кома. Дека филмот има добра стартна позиција, сведочи фактот дека го освои Златниот глобус за најдобро остварување  во категоријата драма.

Она што е познато е дека на свеченоста која ќе се одржи на 26 месецов водител ќе биде американскиот комичар Били Кристал. Меѓу ѕвездите кои на победниците ќе им ги предадат златните статуи ќе бидат Том Круз, Хали Бери, Анџелина Џоли Џенифер Лопез и многу други.

Антонио Крстевски

Се вчитува...

Понеделник - петок 19:45
22:15
Сабота и недела 21:00
Понеделник - петок 21:05
Понеделник до петок 09:10
Сабота 19:30
Од понеделник до петок, 17:10
Понеделник - петок 9:25

Гледај Online

©2010 sitel.com.mk