Карзаи подготвен да преговара со лидерите на талибанците

12.03.2010 - 10:23 |

Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи изјави дека Владата е подготвена да преговара за мир со талибанскиот лидер мула Мохамед Омар и ги критикуваше западните сојузници дека не го поддржуваат во тоа.

- Имаме контакти (со талибанците) на толку високо ниво колку вие сакате да стигнете, изјави Карзаи во Исламабад каде се наоѓа во посета. - Подготвени сме да зборуваме со нив вклучително и со мула Омар, согласно авганистанскиот Устав.Ако меѓународната заедница има проблем со тоа, таа треба да дојде и да објасни, додаде тој. 

Велика Британија ја повика Владата на Карзаи и талибанците да имаат контакти со посредство на Пакистан како што беше договорено на лондонската конференција за Авганистан во јануари.

САД поддржуваат реинтеграција на талибанците од ниски нивоа, но не и помирување до клучни лидери како мула Омар.

Главната цел на посетата на Карзаи на Пакистан е да добие поддршка на Исламабад за планот за помирување со талибанците. Пакистанскиот премиер Јусуф Џилиани изјави дека државата ќе му укаже неопходна поддршка.

Коментирај

од 28 август до 12 септември
Секој ден
Понеделник - петок
Понеделник - петок 16:20
Понеделник - сабота 6:45
©2010 sitel.com.mk