Карзаи подготвен да преговара со лидерите на талибанците

12.03.2010 - 10:23 |

Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи изјави дека Владата е подготвена да преговара за мир со талибанскиот лидер мула Мохамед Омар и ги критикуваше западните сојузници дека не го поддржуваат во тоа.

- Имаме контакти (со талибанците) на толку високо ниво колку вие сакате да стигнете, изјави Карзаи во Исламабад каде се наоѓа во посета. - Подготвени сме да зборуваме со нив вклучително и со мула Омар, согласно авганистанскиот Устав.Ако меѓународната заедница има проблем со тоа, таа треба да дојде и да објасни, додаде тој. 

Велика Британија ја повика Владата на Карзаи и талибанците да имаат контакти со посредство на Пакистан како што беше договорено на лондонската конференција за Авганистан во јануари.

САД поддржуваат реинтеграција на талибанците од ниски нивоа, но не и помирување до клучни лидери како мула Омар.

Главната цел на посетата на Карзаи на Пакистан е да добие поддршка на Исламабад за планот за помирување со талибанците. Пакистанскиот премиер Јусуф Џилиани изјави дека државата ќе му укаже неопходна поддршка.

Коментирај

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk