Антивладини протести во повеќе руски градови

20.03.2010 - 16:10 |

Илјадници луѓе денеска учествуваа во антивладините протести во неколку руски градови.

Приближно илјада луѓе протестираа во Санкт Петербург носејќи транспаренти за оставка на премиерот Владимир Путин.
 
- Ништо нема да се смени додека Путин е на чело. Не сакаме да продолжи неговото владеење, изјави Олга Курносова од Обединетиот граѓански фронт.
 
Дел од демонстрантите ја обвинија Владата на Путин поради зголемување на цените на комуналните услуги, а други за корупцијата.
 
Антивладини протести имаше и во Москва каде се собраа неколку илјади луѓе барајќи реформи на руската патна полиција, која е критикувана поради корупција и неефикасност.
 
Во Владивосток во антивладиниот протест учествуваа најмалку 1.500 луѓе барајќи зголемување на пензиите и намалување на трошоците при купување на автомобили на старо.
 
Антивладини протести имаше и во другите градови, а некаде демонстрациите беа забранети поради опасност од судири со полицијата.
 

Коментирај

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk