„Цвета“ криминалот со дојави за местени натпревари

10.03.2010 - 13:14 |

Граѓаните кои се забавуваат обложувајќи се на спортски напревари по кладилниците, често се мета на криминалци кои им дојавуваат „наместени“ резултати.

Ваквата појава зеде замав изминатиот период, а на интернет се почесто може да се најдат десетици огласи кои нудат информации за наместени натпревари.

Дневниот весник „Дневник“, пренeсува дека под таквите огласи има коментари од задоволни обложувачи, но и од такви што тврдат дека станува збор за измама.

Дојавувач на наместени натпревари, на пример појаснува дека со месечна уплата од 200 евра, може ад се добијат сите натпревари што се играат во едно коло.

Ваквата појава ја потврдуваат и дел од скопските обложувалници, кои појаснуваат дека поради ваквиот тренд, тие постојано го следат работењето на големите странски обложувалници и ако забележат сомнителен натпревар, веднаш го стопираат обложувањето.

Неодамна во Србија беа уапсени двајца „местачи“ кои на свои интернет страници овозможиле обложување за спортски натпревари и за краток период заработиле половина милион евра.

Поврзани вести

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk