Ракометните суперлигаши ќе ги играат натпреварите од 17. коло
20.03.2010 - 12:11 |
Три натпревари денеска и еден утре се на распоредот во 17. коло кај ракометните суперлигаши.
Денеска се играат натпреварите МРК Вардар - Металург (почеток 18 часот), Златен даб - Преспа и Пелистер - ВВ Тиквеш (почеток 18:30 часот).
Неделниот натпревар почнува во 12 часот, се игра во салата Расадник, а тоа ќе биде можност шампионот Вардар Про да му се реваншира на Тинекс Пролет за поразот во првиот дел од шампионатот.
На чело на табелата е Металург со максимални 48 бодови, пред Вардар Про со 39, ВВ Тиквеш има 28, Пелистер 26, МРК Вардар 24, Тинекс Пролет 16, Златен Даб 9 и Преспа е последна без бод.
Ракомет
|

















