Металург Скопје поразен во Челинџ купот

14.03.2010 - 11:29 |

Ракометарките на Металург Скопје претрпеа пораз во првиот четвртфинален натпревар од Фрам со 29:26.

 

На вчерашниот дуел со исландската екипа, кој се одигра во салата „Автокоманда“, домаќинките водеа само на двапати во првите неколку минути, а потоа Фрам го презеде водството и го одржуваше до крајот на мечот.
 
Најефикасна ракометарка во редовите на Металург Скопје и воопшто на натпреварот беше Мирјета Бајрамовска со 10 постигнати погодоци.
 
Реванш натпреварот се игра денеска од 18 часот во истата сала, но овојпат улогата на домаќини ќе ја има Фрам.
 
За пласман во полуфиналето на последниот македонски претставник на евросцената ќе му биде потребна победа поголема од три голови разлика.
 

 

Коментирај

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk