„Металург“ елиминиран, а „Вардар Про“ поразен во ракометните еврокупови

21.02.2010 - 11:18 |

Неуспешен викенд имаа македонските екипи во ракометните еврокупови. „Металург“ е запрен во осминафиналето од купот на куповите откако синоќа го загуби реваншот од францускиот „Трембле“ со 24:17 полувреме 13:9.

Со тоа заврши настапот на тимот од Автокоманда во еврокуповите оваа сезона.

Нашиот преставник во Лигата на шампионите „Вардар Про“ во рамките на 8.коло од Д групата загуби од Колдинг во Данска со 28:21 (15:9). Во вториот натпревар од групата „Барселона“ ја победи „Амичитиа“ со 37:26, а денеска играат „Адемар Леон“ – „Кил“.     

„Барселона“ е прва во групата со 14 бодови, „Вардар“ и „Амичитиа“ имаат по 1 на последните две  места.

До крајот на натпреварите во групната фаза „црвено- црните“ ги очекуваат уште две гостувања кај „Амичитиа“ во Швајцарија во следното коло и кај „Кил“ во Германија во последното коло.
 

Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инсталирај тука.

Коментирај

©2010 sitel.com.mk