Уште еден Србин баран со потерница "уловен" од македонската полиција

22.02.2012 - 21:00 |

Српскиот државјанин Стеван Радосављевиќ бил уапсен во Холандија по информација добиена од македонската полиција.

Стеван Радосављевиќ од Ниш бил баран со меѓународна потерница на барање на Србија за убиство во обид а истовремено неговата "глава" ја барала и швајцарската полиција за шверц на дрога.

Според информации, приведен бил во Холандија пред два дена по информација од македонската полиција.

Апсењето било филмско. Со автомобил бегал низ Ротердам додека го бркала холандската полиција. Кога го стигнале било утврдено дека е вооружен со пиштол но успеале да го совладаат.

При претресот била пронајдена мала рачна торба со неколку илјади евра и две големи запечатени торби со огромен износ швајцарски франци.

Понеделник - петок 19:45
22:15
Сабота и недела 21:00
Понеделник - петок 21:05
Понеделник до петок 09:10
Сабота 19:30
Од понеделник до петок, 17:10
Понеделник - петок 9:25

Гледај Online

©2010 sitel.com.mk