Пред пратениците се дополнетиот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Царинска тарифа, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за квалитет на амбиентниот воздух, дополнетиот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на природата, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вработување и работа на странци, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи, дополнетиот Предлог-закон за служба во Армијата на Република Македонија, дополнетиот Предлог-закон за изменување на Законот за државните службеници и дополнетиот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за заштита од пушењето, сите во второ читање.
На дневен ред се и Предлог-законот за дополнување на Законот за сопственост и други стварни права (второ читање), поднесен од пратениците Светлана Јакимовска, Анита Кипаризовска Крстеска и Надица Танчева Тулиева, Предлог-законот за издавање вредносни бонови - ваучери (второ читање), поднесен од пратениците Весна Бендевска, Јани Макрадули, Радмила Шекеринска и Славица Грковска Лошкова, како и Предлог- законот за изменување на Изборниот законик (второ читање), поднесен од пратениците Андреј Жерновски, Роза Топузова - Каревска, Ристо Пенов и Јован Манасијевски.
На 95. седница ќе бидат разгледани Информацијата за состојбата со производството, откупот и пласманот на јаболката од реколта 2009 година и Информацијата за состојбите во државните електрани АД ЕЛЕМ, двете поднесени од група пратеници на СДСМ.
Во рамки на 93. седница треба да се расправа за предлог-законите за дополнување на законите за здравственото осигурување и за вработување инвалидни лица, двата во прво читање и поднесени од пратениците Радмила Шекеринска, Весна Бендевска и Станка Анастасова, Предлог-законот за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за делумно финансирање на Проектот за реконструкција и доградба на јавните здравствени установи-прва фаза (второ читање), дополнетиот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва (второ читање), дополнетиот Предлог-закон за ветеринарно медицински препарати (второ читање) и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пасишта (второ читање).