Собранието ќе ја одржи 97-та седница

11.03.2010 - 10:28 |

Собранието на Република Македонихја денеска ќе ја одржи 97. седница на чиј дневен ред е интерпелацијата за работата на заменик претседателoт на Владата  и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Предлог - законите за изменување и дополнување на Законот за квалитет на амбиентниот воздух, на Законот за вработување и работа на странци, на Законот за внатрешни работи, на Законот за заштита на природата и на Законот за заштита од пушењето, сите во второ читање, се на агендата на седницата.

Пратениците се очекува да расправаат и по дополнетите предлог - закони за служба во Армијата на Република Македонија, за државните службеници, во второ читање, како и по Предлог - законот за дополнување на Законот за сопственост и други стварни права (второ читање).

На дневниот ред на 97-та собраниска седница е и Предлог - законот за изменување на Изборниот законик (второ читање), Предлог - законот за издавање на вредносни бонови - ваучери и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за царинска тарифа (второ читање).

од понеделник до петок 19:45
Од недела 21:30 часот
Секој ден 21:00
Наскоро...
Од понеделник до петок 23:45
од понеделник до петок 14:50
од понеделник до петок 22:20
од понеделник до петок 17:00
©2010 sitel.com.mk