Секоја година на околу 60 граѓани им откажуваат бубрезите

11.03.2010 - 19:55 |

Алармантно расте бројот на бубрежно болни. Секоја година на 60-тина граѓани им откажуваат бубрезите. Над 1.200 пациенти во Македонија се приклучени на апарати за дијализа.

Условите во кои се врши прочистувањето на крвта кај овие болни и понатаму се под стандардите. Најзагрижувачка е состојбата во центрите во Прилеп и Чаир, велат од здружението Нефрон.
 
- Да, во Прилеп не се добри условите, ама се работи на нивно подобрување - вели Спиро Мицоски, претседателот на Здружението на бубрежно болни „Нефрон“.
 
Сеуште тапка во место долгонајавуваниот проект јавно приватно партнерство за отворање нов центар за дијализа. Државниот секретар во Министерството за здравство вели дека приватниот партнер сеуште не покажал конкретна заинтересираност за потоа да се утврдува дали цената за една дијализа ќе одговара и за двете страни.
 
Во меѓувреме од министерството најавуваат подобрување на условите во веќе постоечките центри.
- За три месеци ќе стигнат 20 нови дијализатори и седум нови апарати за реверс на осмоза - вели Зоран Стојановски државен секретар во Министерството за здравство.
 
Загрижува податокот дека во Македонија има над 120.000 заболени од дијабет кај кои голема е веројатноста да им се намали функцијата на бубрезите и да завршат на дијализа. Ова беше посочено на одбележувањето на Светскиот ден на бубрегот.
 
Александар Динев
 

Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инсталирај тука.

Коментирај

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk