Се вратија жителите од кумановско кои бараа азил во Белгија

11.03.2010 - 22:57 |

По неуспешниот обид за добивање азил во Белгија, вечерва пристигна првата тура патници од кумановско и липковско.

Со белгиски автобус на влезот на Куманово се растоварија 28 лица од вкупно 44 патници кои тргнаа од Брисел. Меѓу пристигнатите има и деца.

 
Новинарите не успеаја да ги прашаат луѓето како поминале во кампот и какви се нивните импресии од целото патешествие, затоа што изразиле желба да не се симнат на предвидената локација, со цел да ги избегнат новинарските екипи.
 
До куманово, патниците ги придружуваа двајца претставници од белгиската служба за имиграција, која им обезбеди превоз и пари за патни трошоци.
 
- Луѓето се симнаа на автопатот во Куманово бидејќи не сакаа да зборуваат пред камера. Пријателски беа настроени и патот помина во одлична атмосфера. Од Белгија тргнаа 44 патници и сите се вратени. Немам инфомации дали ќе имаа нова група на патници кои ќе бидат депортирани - вели претставникот на белгиската служба за имиграција Мерке Јегер.
 
Роднините кои ги чекаа своите блиски членови на семејствата беа вознемирани и со доза на револт затоа што голем дел од нив за да обезбедат средства за пат во Белгија ги продале нивите, земјоделската механизација, автомобилите, а жените накитот. Велат дека луѓето се изманипурани и оштетени.
 
Жителите на Липково и Куманово ги пречекаа двајца претставници од Министерството за надворешни работи кои не сакаа го коментираат депортирањето на жителите во матичната држава.
 
Во наредниот период се очекува да пристигнат и останатите баратели на азил, кои се уште престојуваат во камповите во Брисел.
 
Габриела Димковиќ
 

Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инсталирај тука.

Коментирај

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk