Реакции за усвоените амандмани за Предлог законот за дискриминација
18.03.2010 - 21:48 |
Усвоените амандмани на Предлог законот за дискриминација нудат суштинско подобрување на текстот на законот.
За Македонскиот центар за меѓународна соработка ова е добро решение. Според нив, законот онака како што беше предложен, имал многу недостатоци кои сега амандмански пополнуваат голем дел од празнините, со што се задоволуваат сите европски критериуми.
Кржаловски вели дека иако не се опфатени сите прашања кои што би можеле да се донесат во оваа фаза, не може да се прави совршен закон од прв обид и дека праксата ќе покаже кои решенија се соодветни за Македонија, а кои ќе треба да се доработат.
Од друга страна пак, либералдемократите со контра став. За нив, Владата поднесува алиби амандмани за Законот за антидискриминација.
Стриктно набројување на одредбата за сексуална ориентација вчера побара и евроамбасадорот Ерван Фуере.
Елена Бошковска
Се вчитува...
Поврзани вести
Македонија
|























Коментирај